0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Кривопаланечките основци од „Јоаким Крчовски“ најактивни во еколошки „Е-твининг“ проект

Петтоодделенците од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка беа најактивни во проект за грижа за околината и планетата Земја од „Е твининг“ програмата на ЕУ.

Крива Паланка, 26 јуни 2020 (МИА) –  Петтоодделенците од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка беа најактивни во проект за грижа за околината и планетата Земја од „Е твининг“ програмата на ЕУ.

-Проектот „Малите одговорни граѓани ја менуваат својата иднина” го спроведовме во текот на учебната 2019/20 година, финишираше неодамна, а учениците од нашето училиште од петтите одделенија беа најактивни, благодарение на помошта од нивните одделенски наставници. Освен нашето училиште, во овој проект учествуваа и училишта од Турција, Велика Британија, Полска, Словачка, Хрватска, Португалија и Италија. Тема на проектот е екологија, рециклирање, грижа за животните и за планетата Земја. Теми кои се многу важни, особено сега кога треба сите да научиме да се грижиме за себе, едни за други, но и за околината и планетата Земја, изјави наставничката по англиски јазик Тања Димитровска-Шкрбиќ, ментор во проектот.

ООУ „Јоаким Крчовски“ има тим ментори и наставници кои досега резлизирале околу десетина проекти од „Е твининг“ и „Ерасмус +“ програмите на ЕУ, финансирани и управувани преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. ид/бак/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close