0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Кривопаланечкиот музеј гради културно-историски парк „Градец”

На денот кога се одбележува на 18 Мај - Денот на музеите, локалната установа „Градски музеј”- Крива Паланка го најави проектот за формирање културно-историски парк во селото Градец, Кривопаланечко.

Крива Паланка, 18 мај 2020 (МИА) – На денот кога се одбележува на 18 Мај – Денот на музеите, локалната установа „Градски музеј”- Крива Паланка го најави проектот за формирање културно-историски парк во селото Градец, Кривопаланечко.
-Денот на музеите,18 Мај е одличен повод да го обзнаниме новиот долгорочен проект на нашиот музеј, наречен „Културно -историски парк Градец”, лоциран во селото Градец, проект од големо значење за развој на туризмот базиран на културно – историското наследство. Во контекст на реализација на овој обемен инфраструктурен проект, во 2020 година веќе се во фаза на реализирација следните подпроекти: изработка на локална урбанистичка планска документација за локалитет „Училиште“ и дворно место во село Градец, изработка на основен проект за водоснабдување на објект „Училиште“ и црква „Св. Никола“ во селото, санација и адаптација на дел од објект „Училиште“ и дворно место во Градец, валоризација на археолошки локалитет „Градиште“, заштитни археолошки ископувања на локалитет „Градиште„ -кампања 2020, сите во селото Градец. Како локална установа, чувар на културно-историското наследство на Крива Паланка и на државата, на секој проект што е во насока на унапредување на нашата дејност особено му се радуваме, изјави директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски.
Посочи дека проектите се финансирани од Општина Крива Паланка и Министерство за култура.
-Истовремено овој ден е повод да се потсетиме дека Градски музеј Крива Паланка континуирано, долгорочно, одговорно, посветено и во рамките на расположливите средства работи на суштинските проекти во развој и работа на Музејот т.е на музејот и тоа: заштита и валоризација  (ревизија) на музејските збирки, нивна евиденција, документација и конзервација, долгорочно истражување и формирање на регистри за евиденција и документација за регистар на спомен обележја, на познати и признати кривопаланчани, годишен времеплов на историски настани и личности, регистар на стручна библиотека и регистар на фондови за архивски материјал од етнологија, археологија, историја, историја на уметност, Општина Крива Паланка, Градски Музеј, Љупчо Стојановски и други, додаде Величковски.
Во установата се работи и на континуирано збогатување на музејските збирки со музејски предмети важни за локалната историја и традиција, збогатување на музејската библиотека со книги и публикации важни за локалната историја и традиција, подобрување на условите за депонирање и безбедност на музејските збирки преку набавка на содветна опрема и инсталација на сигурносни системи и постојан ангажман на стручен персонал за работа со збирките и документацијата во музејот, реконцепција и подобрување на атрактивноста на музејските поставки со употреба на нови современи дигитални форми и методи на презентација, подобрување на квалитетот во сувернирницата и изготвување публикации. ид/вг/

Back to top button
Close
Close