0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Во изолација 651 лице, во самоизолација 346

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници, соопшти денеска МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 618 прекршоци. цр/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close