0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Кривични пријави за двајца дебрани за непочитување на полицискиот час

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против двајца дебрани поради непочитување на полицискиот час.

Дебар, 7 апрл 2021 (МИА) – Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против двајца дебрани поради непочитување на полицискиот час.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Л.К.(29) и Е.С.(24), двајцата од Дебар. При контрола извршена на 30 минатиот месец во еден часот по полноќ кај месноста „Коњарска населба“ во Дебар, полициските службеници ги затекнале пријавените во патничко возило „Пежо 208“,изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тие, според него, не поседувале дозвола за движење во време на полициски час, со што пријавените постапиле спротивно на одлуката за забрана на движење на населението во времето од 22 до 5 часот со цел спречување на ширењето на Ковид- 19.

Димоски претходно информираше дека од воведувањето на полицискиот час констатирани се седум прекршувања на забраната за движење, од нив две во последното деноноќие.

Што се однесува до мерката за задолжително носење на заштитна маска, овој месец издадени се 60 прекршочни платни налози, од нив три во последното деноноќие. вт/см/

Back to top button
Close
Close