Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Кривични пријави за двајца дебрани за непочитување на полицискиот час

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против двајца дебрани поради непочитување на полицискиот час.

Дебар, 13 април 2021 (МИА) – Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против двајца дебрани поради непочитување на полицискиот час.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Л.Л.(26) и Ш.С.(38), двајцата од Дебар.

– При контрола извршена на шести овој месец, во три часот по полноќ, полициските службеници ги затекнале пријавените во патничко возило „фолсваген пасат“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тие, според него, не поседувале дозвола за движење во време на полициски час, со што пријавените постапиле спротивно на одлуката за забрана на движење на населението, со цел спречување на ширењето на Ковид- 19.

Тој информираше дека синоќа полицискиот час го прекршило едно лице против кое ќе биде поднесена соодветна пријава. Од воведувањето на ова мерка, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, констатирани се осум прекршувања.

Што се однесува до мерката за задолжително носење на заштитна маска, овој месец издадени се 75 прекршочни платни налози. вт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close