Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Кривична пријава за жител на дебарско Могорче за узурпација на земјиште 

Кривична пријава е поднесена против жител на дебарското село Могорче кој узурпирал земјиште сопственост на верски објект и изградил објект без соодветна дозвола. 

Дебар, 20 април 2021 (МИА) – Кривична пријава е поднесена против жител на дебарското село Могорче кој узурпирал земјиште сопственост на верски објект и изградил објект без соодветна дозвола.

– Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против М.З.(58) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, пријавениот во текот на минатата година, во месноста „Блутец“, во атар на селото, узурпирал земјиште со вкупна површина од 20 метри квадратни, сопственост на верски објект и без одобрение од надлежен орган извршил градба на објект.

Димоски исто така информираше и околу почитувањето на мерката за носење заштитна маска и полицискиот час на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива ОВР Дебар.

– Според статистичките податоци во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Дебар, полициските службеници констатирале три прекршоци за неносење лична заштита на лицето или 91 прекршок во текот на месецов. Ним им се издадени прекршочни платни налози. Регистрирани се три прекршувања на забраната за движење од 20:00 до 5 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19, рече Димоски.

Воедно, тој додаде дека од воведувањето на полицискиот час регистрирани се 17 прекршувања на забраната за движење и за дел од нив веќе се поднесени соодветни пријава.вт/оџ/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close