Дописници МКДОпштински вести

Кривична пријава за скопјанец и дебранец кои незаконски ловеле риба на Дебарско Езеро

Кривична пријава заработија скопјанец и дебранец кои вршеле недозволен риболов на Дебарско Езеро.

Дебар, 3 јули 2020 (МИА) – Кривична пријава заработија скопјанец и дебранец кои вршеле недозволен риболов на Дебарско Езеро.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против С.К.(70) од Скопје и И.Ц.(67) од Дебар. Пријавените, на 25 минатот месец се затекнати во незаконит риболов во водите на Дебарското Езеро, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, при преглед во гумен чамец што го користеле, полициските службеници пронашле и одзеле рибарски мрежи во должина од 10 метри и одредена количина риба.

Дебарското Езеро, кое некогаш беше познато по богатиот рибен фонд, последните години често беше цел на несовесни лица кои незаконски вршеа риболов.

По добивањето на концесијата на Дебарско Езеро, во ноември минатата година, дебарското спортско риболовно друштво „Трофта“ (пастрмка) ја зајакна контролата со рибочуварска служба која има добра соработка со полицијата.

Поради зајакната контрола недозволеното ловење риба станува се поретка појава. вт.ир

Back to top button
Close
Close