Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Кривична пријава за кичевец за мачење животни

Поради основано сомение за сторено казнено дело „мачење животни“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А.(41) од кичевското село Србјани.

Кичево, 24 јануари 2020 (МИА) – Поради основано сомение за сторено казнено дело „мачење животни“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А.(41) од кичевското село Србјани.

Тој, во периодот декември минатата до јануари оваа година, извршил злоупотреба на осум коњи негова сопственост со кои вршел дотур на огревни дрвја и ги изложувал на тегобна состојба, користел остар предмет со кој им предизвикал расекотини на главите и не превзел мерки за санирање на предизвиканите повреди, информира портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.рз/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close