Некатегоризирано

Кривична пријава за дебранец поради насилство

Против жител на Дебар поднесена е кривична пријава поради насилство.

Дебар,5 февруари 2021 (МИА) – Против жител на Дебар поднесена е кривична пријава поради насилство.

– Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против К.И.(36) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“. Тој, на 19 минатиот месец гво продавница за прехрамбени производи во Дебар, одбивајќи да плати за купен производ, упатил закани на сопственикот на продавницата и вработените, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека К.И. по кратко време, со својот автомобил се вратил пред продавницата и удрил во палета со производи, поставена надвор пред објектот.

Димоски исто така, информираше дека во последното деноноќие полициските службеници не издале платен налог за неносење заштитна маска, додека во другите денови од месецо издадени се десеттина платни налози.вт/свс

Таг
Back to top button
Close
Close