ОпштествоХроника

Кривична пријава за четири крадци од Тетово, расчистени кражба и еден обид за кражба

Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти една кражба и еден обид за кражба. Како осомничени, до Основното јавно обвинителство Тетово ќе бидат пријавени четири малолетници од Тетово и тетовските села Горно Седларце, Добарце и Ларце, информира Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 22 јули 2021 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти една кражба и еден обид за кражба. Како осомничени, до Основното јавно обвинителство Тетово ќе бидат пријавени четири малолетници од Тетово и тетовските села Горно Седларце, Добарце и Ларце, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, осомничените лица во период од март до крајот на јуни оваа година, учествувале во извршување на кривично дело – имотни деликти, при што на различни места одземале разни производи.

Голем дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. ки/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close