Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Кривична пријава против Јосипа Лисац поради начинот на кој ја пеела химната

Против хрватската пејачка Јосипа Лисац е поднесена казнена пријава поради начинот на кој ја извела националната химна на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Загреб, 20 февруари 2020 (МИА) – Против хрватската пејачка Јосипа Лисац е поднесена казнена пријава поради начинот на кој ја извела националната химна на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Пријавата е поднесена од адвокатот Бошко Жупановиќ, кој изјави дека „химната на Република Хрватска е изведена на подбивен и омаловажувачки начин“ и дека Јосипа Лисац на тој начин извршила кривично дело кршење на угледот на Република Хрватска со „користење подбивни артикулации и тоналитети“.

„Не сакам внимание на медиумите. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е само исмејување и дека не соодветствува за никаков настан, а камоли на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател”, рече Жупановиќ за Индекс.хр.

Тој додаде дека ја напишал пријавата затоа што сметал дека тоа е негова граѓанска должност. зш/

Back to top button
Close
Close