Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Кривична пријава против кичевец за производство на наркотични дроги

Против едно лице од Кичево е  поднесено кривична пријава поради производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Кичево, 7 декември 2019 (МИА) – Против едно лице од Кичево е  поднесено кривична пријава поради производство и пуштање во промет наркотични дроги.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Џ.Р. 34-годишен од Кичево, поради постоење основаи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурзори“, соопштуваат од СВР – Охрид..

– На седми март годинава, при претрес во неговиот дом во кој престојувал и Џ.Џ. (30) од Кичево, пронајдени и одземени се опојна дрога марихуана и опоид трамадол, информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димовски.рз/фф/

Back to top button
Close
Close