ХроникаХроника.Портал

Кривична пријава против граѓанин од Гевгелија за поседување марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Скопје, 22 април 2019 (МИА) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 25 септември 2018 година во Гевгелија, како што соопштуваат од МВР, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и 295 семки од растението „Cannabis“. фф/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close