Дописници МКДОпштински вести

Крива Паланка денеска со нови деветмина заразени од Ковид-19

Во Крива Паланка денеска се регистрирани нови девет заразени со Ковид-19, со што бројот на активни случаи се искачи на 27.

Крива Паланка, 10 септември 2020 (МИА) – Во Крива Паланка денеска се регистрирани нови девет заразени со Ковид-19, со што бројот на активни случаи се искачи на 27.

Она што е веќе извесно е дека во неколку средини се појавува нов број на заразени.

Два нови случаи од денешната статистика на Институтот за јавно здравје се од локалната конфекција од каде што досега двајца беа заразени, а едниот почина пред два дена, угостителски објект од каде што има петмина потврдени, лица на возраст од околу триесетина години, и два изолирани случаи од трговски објекти.

Од општинскиот кризен штаб на Крива Паланка апелираат граѓаните да бидат дисциплинирани во почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести, а екипи на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ вршат секојдневна дезинфекција на јавните градски површини и на улиците во градот.

Забележливо е и зачестено присуство на екипи на МВР од полициската станица од општа надлежност Крива Паланка низ градот кои го контролираат почитувањето на обврските за задолжително носење заштитна маска и опрема за заштита од Ковид-19. ид/мс/

Back to top button
Close
Close