0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Кристиансанд Виперс ја освои женската ракометна Лига на шампиони

Ракометарките на Кристиансанд Виперс од Норвешка го освоија трофејот во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа француски Брест со 34:28.

Будимпешта, 30 мај 2021 (МИА) – Ракометарките на Кристиансанд Виперс од Норвешка го освоија трофејот во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа француски Брест со 34:28.

За Виперс ова е прва титула европски шампион во нивната клупска историја.

Пред финалето, се одигра натпреварот за третото место. Унгарски Ѓер го совлада тимот на ЦСКА Москва со 32:21. Македонската репрезентативка Сара Ристовска постигна три гола за поразената екипа. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close