0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваОпштество

Кристијан Ниневски го фати светиот крст на централната манифестација за Водици во Скопје

Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води.

Скопје, 19 јануари 2020 (МИА) – Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води.

Ниневски и лани го извади светиот крст од водите на реката Вардар.

– Чувството е прекрасно, Бог се јави… Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија, тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите што скокаат по крстот да го осетат ова чувство. Минатата година добив икона, библија, крст и ланче, рече 26-годишниот Ниневски во изјава за медиумите.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која присуствуваше на манифестацијата им го честиташе празникот Богојавление на сите христијани и посака среќа, радост и успеси.

– Ова е дел од нашите христијански традиции меѓутоа и од традициите на македонскиот народ којшто секоја година ги прославуваме и одбележуваме. Тие се победа над искушенијата и доказ дека ако си издржлив ако си упорен успехот следи. Во овие моменти сакаме да ги упатиме пораките на обединетост, пораките на спокој, радост, среќа и успех во година во која очекуваме добри вести за нашата татковина. И во тоа име денеска навистина ми беше задоволство со голем број граѓани на Скопје да бидеме тука и да го прославиме овој ден, рече Шекеринска. мс/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close