0_Магазин.ПорталСцена

Крис Прат и Кетрин Шварценегер добија ќерка

Тоа прв го објави помалиот брат на Кетрин - Патрик, во изјава за „Ентертејнмент тунајт“.

Лос Анџелес, 10 август 2020 (МИА) – На американскиот глумец Крис Прат и писателката Кетрин Шварценегер им се роди ќерка. Тоа прв го објави помалиот брат на Кетрин – Патрик, во изјава за „Ентертејнмент тунајт“.

– Тие се чувствуваат одлично. Тукушто ѝ купив мал подарок, изјави Патрик одговарајќи им на репортерите.

Прат има син од бракот со глумицата Ана Фарис. На Шварценегер ова ѝ е прво дете.

Крис и Кетрин се венчаа лани во јуни. си/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close