0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Крис Пол шести асистент во историјата на НБА

Кошаркарот на Феникс, Крис Пол се искачи на шестото место по број на асистенции во историјата на НБА.

Вашингтон, 21 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Феникс, Крис Пол се искачи на шестото место по број на асистенции во историјата на НБА.

Триесет и петгодишниот Пол ноќеска на натпревар од регуларниот дел од сезоната против Мемфис (128:97), имаше шест асистенции по што го престигна Оскар Робертсон (9.887 асистенции).

Сега Пол има вкупно 9.891 асистенции во кариерата.

Лидер на листата во оваа статистичка категорија е поранешниот плејмејкер на Јута, Џон  Стоктон со 15.806.

Пред Пол уште се и: Џејсон Кид (12.091 асистенција), Стив Неш (10.335), Марк Џексон (10.334) и Меџик Џонсон (10.141). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close