0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Крис Пол ќе го пропушти вториот натпревар од серијата со Клиперс поради карантин

Крис Пол нема да игра на вториот натпревар од финалето на Западната конференција против Лос Анџелес клиперс, објави Феникс санс.

Феникс, 22 јуни 2021 (МИА) – Крис Пол нема да игра на вториот натпревар од финалето на Западната конференција против Лос Анџелес клиперс, објави Феникс санс.

Резултатот во серијата е 1-0 во корист на тимот од Аризона.

Пол сè уште е изолиран како што налага протоколот за спречување коронавирус во НБА. Медиумите пишуваа дека играчот бил позитивен на Ковид-19, но клубот не ја потврди оваа информација.

Вториот натпревар од финалето на Западот ќе се одржи вечер во три часот по полноќ, на теренот на Феникс. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close