БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Криминална организација за 4.000 евра нелегално пренесувала мигранти од Грција во Италија

Грчката полиција разби криминална организација која по морски пат пренесувала мигранти од Грција во Италија, а наплаќала по 4.000 евра од човек, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 4 февруари 2020 (МИА) – Грчката полиција разби криминална организација која по морски пат пренесувала мигранти од Грција во Италија, а наплаќала по 4.000 евра од човек, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на акцијата во соработка со грчката крајбрежна служба биле уапсени осум лица, а спречено 19 странски државјани, меѓу кои и четири деца нелегално со брод да стигнат во Италија.

Како што соопштија од грчката полиција, членовите на криминалната организација од центарот на Атина ги пренеле 19те лица до морски карпест дел каде што ги чекал бродот, а од крајбрежната служба биле пресретнати неколку часа подоцна, во близина на островот Идра.

Криминалната организација била активна од ноември минатата година, а секој од членовите имал посебна улога. Функционирала на начин што прво преку огласи барале соодветни бродови за нелегално пренесување на мигрантите, а по купувањето, барале потенцијални мигранти за да им понудат пренесување во Италија.

Во паралелна акција на полицијата, во различни делови на областа Атика биле уапсени уште шест членови на криминалната организација, како и еден таксист што бил задолжен за превезување на мигрантите.

Операцијата на грчката полиција е дел програмата EMPACT (Европска мултидисциплинарна платформа против криминални закани), била спроведена во рамките на Националниот оперативен план на Грција, а во соработка со Грчката крајбрежна стража, Европскиот центар за борба против нелегална трговијата со луѓе на Европол и Националната агенција за криминал (NCA) на Велика Британија. ср/

Back to top button
Close
Close