СветСвет.Портал

Криминална банда од Утар Прадеш убила осум полицајци

Озлогласена криминална банда денеска од заседа убила осум полицајци, а повредила уште петмина, во индиската држава Утар Прадеш, соопшти владиниот претставник Аваниџ Авасти.

Ликноу, 3 јули 2020 (МИА) – Озлогласена криминална банда денеска од заседа убила осум полицајци, а повредила уште петмина, во индиската држава Утар Прадеш, соопшти владиниот претставник Аваниџ Авасти.

Напаѓачите успеале да побегнат пред да пристигне полициското засилување на местото на инцидентот.

Полицијата утрово требала да го уапси Викас Дубеј, главниот осомничен за десетици крвави злосторства. Тој, меѓу другото, се товари за 60 убиства, голем број вооружени грабежи и киднапирања.

Утар Прадеш, која има околу 230 милиони жители, е една од најсиромашните индиски држави, но и најнестабилна, со висока стапка на тежок криминалитет – вооружени грабежи, киднапирања на жени и убиства. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close