0_Магазин.ПорталЗанимливости

Кражба во живо на ТВ во Италија (видео)

На видеото, коешто веднаш стана хит на интернет, новинарка го прашува градоначалникот - кој е одговорен за редот и безбедноста во градот, но во мигот, тој, градоначалникот не ја слуша и гледа во спротивна насока. Сè се случи во центарот на градот, пред неговите и очите на телевизиските гледачи.

Торино, 30 септември 2020 (МИА) – Градоначалникот на градот Вентимиља, северозападна Италија, близу границата со Франција, беше „опљачкан“ во директен пренос на телевизија.

На видеото, коешто веднаш стана хит на интернет, новинарка го прашува Гаетано Скулино – кој е одговорен за редот и безбедноста во градот, но во мигот, тој, градоначалникот не ја слуша и гледа во спротивна насока. Сè тоа се случи во центарот на градот, пред неговите и очите на телевизиските гледачи.

Ventimiglia: "Dove eravamo rimasti", apre in questo modo la sua nuova legislatura il neo Sindaco Gaetano Scullino (Foto) - Sanremonews.it

Крадецот го украл палтото на градоначалникот што тој го беше оставил на клупа на растојание од 2-3 метри од него. Инаку, се работи за свечен костим со којшто политичарот се беше упатил на прослава.

По шокот, градоначалникот некако, си ја врати присебноста, одговори на прашањето за безбедноста, па на шега ја замоли ТВ-екипата да му ја надомести загубата. си/

 

Таг
Back to top button
Close
Close