ЕвропаЕвропа.Портал

Кражба во воена база во Шведска, исчезнале тенкови

Шведската полиција соопшти дека се украдени две воени возила, тешки речиси седум тони, од воен магацин во близина на Стокхолм.

Стокхолм, 6 февруари 2020 (МИА) – Шведската полиција соопшти дека се украдени две воени возила, тешки речиси седум тони, од воен магацин во близина на Стокхолм.

Во возилата високи 2,8 метри и долги 5,32 метра немало оружје, муниција или експлозив.

Се претпоставува дека кражбата на тенковите од базата Енкопинг, 70 километри од шведскиот главен град, се случила ноќта меѓу вторникот и средата. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close