Svet.SlajderСветСвет.Портал

Кралот на Јордан со предупредување до Израел на можност за голем судир во случај на анексија

„Ако Израел навистина го анектира Западниот Брег во јули, тоа ќе доведе до голем конфликт со Јордан“, изјави Абдула Втори за германскиот магазин „Шпигел“.

Берлин, 15 мај 2020 (МИА) – Кралот на Јордан, Абдула Втори, го предупреди Израел за опасност од голем конфликт меѓу нив, доколку Израел анектира големи делови на окупираниот Западен Брег.

„Ако Израел навистина го анектира Западниот Брег во јули, тоа ќе доведе до голем конфликт со Јордан“, изјави Абдула Втори за германскиот магазин „Шпигел“.

Израел објави дека ќе ги анектира еврејските населби и долината Јордан, што би можело да предизвика колапс на мировниот процес, што е застој во подолго време, и ќе спречи формирање палестинска држава.

Абдула Втори, чија земја е близок сојузник на Западот и една од само две арапски земји што потпишале мировен договор со Израел, рече дека „лидерите кои се залагаат за решение засновано врз моделот на една (наместо две) држава не разбираат што ќе значи тоа“.

„Што ќе се случи ако палестинскиот национална управа пропадне? Ќе има повеќе хаос и екстремизам во регионот“, рече јорданскиот крал. Тој одби да каже дали евентуалната анексија ќе го загрози мировниот договор меѓу Јордан и Израел.

Тој додаде дека не сака да се заканува, но дека „се разгледуваат сите опции“ и дека неговата земја се согласува со многу земји во Европа и во светот дека на Блискиот исток не треба да се применува „законот на посилниот“. зш/

Back to top button
Close
Close