Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Кралицата Елизабета за утре закажа кризен состанок со принцот Хари

Кралицата Елизабета за утре го повика својот внук, принцот Хари, на „кризен состанок“ , за да разговара за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, откако одеднаш, без никаква најава, двојката соопшти дека сакаат да се повлечат од кралските должности.

Лондон, 12 јануари 2020 (МИА) – Кралицата Елизабета за утре го повика својот внук, принцот Хари, на „кризен состанок“ , за да разговара за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, откако одеднаш, без никаква најава, двојката соопшти дека сакаат да се повлечат од кралските должности.

Таткото на Хари, принцот престолонаследник Чарлс, и неговиот брат, принцот Вилијам, исто така, ќе присуствуваат на состанокот, што ќе се одржи утре на имот на кралицата Сандрингам во Нортфолк, на истокот од Англија, изјави извор од Бакингемската палата.

Меган, поранешна американска ТВ актерка, ќе се обиде телефонски да се приклучи во разговорот од Канада, каде се наоѓа со нивниот син Арчи.

Хари и Меган, официјално познати како војводата и војводката од Сасекс, во средата, изненадувајќи го остатокот од кралското семејство, соопштија дека сакаат „нов работен модел“ што ќе им овозможи да минуваат повеќе време во Северна Америка и дека сакаат да станат финансиски независни.

Тие не ја консултирале 93-годишната кралица, ниту другите членови на кралското семејство пред да го стават своето соопштение на нивниот официјален сајт, а извор од Палатата наведува дека тој потег ја повредил и разочарал кралицата и другите членови на кралското семејство. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close