ЕвропаЕвропа.Портал

Кралицата Елизабета повикува да се смени рутината за доброто на заедницата

Британската кралица Елизабета (93) денеска соопшти дека кралското семејство ќе даде свој придонес во борбата против ширењето на коронавирусот.

Лондон, 19 март 2020 (МИА) – Британската кралица Елизабета (93) денеска соопшти дека кралското семејство ќе даде свој придонес во борбата против ширењето на коронавирусот.

– Многумина од нас ќе мора да најдат нови начини да останат во контакт едни со други и да се осигурат дека нашите најблиски се безбедни. Сигурна сум дека сме дораснати на овој предизвик, рече кралицата во обраќање кон нацијата.

– Бидете сигурни дека моето семејство и јас сме подготвени да ја одиграме нашата улога, рече таа.

Кралицата претходно откажа неколку нејзини претходно најавени состаноци и настани и денеска од претпазливост порано се врати во замокот Виндзор со сопругот, принцот Филип (98).

Таа додаде дека кралското семејство е свесно оти многу граѓани на Велика Британија се многу загрижени.

– На сите им се советува да ги смениме нашите нормални рутини и вообичаен начин на живот за поголемо добро на заедниците во кои живееме и особено за да ги заштитиме најранливите меѓу нив, рече таа.

Кралицата им се заблагодари на научниците, медицинските работници и јавните служби.

– Но сега повеќе од кога било во нашата понова историја, сите ние имаме важна улога да играме како поединци – денес и во наредните денови, недели и месеци, рече британската кралица Елизабета. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close