0_Магазин.ПорталЗанимливости

Крадци заспале при упад во детска градинка

Крадци заспале на својата „работна задача“, и тоа при натрапување во детска градинка во градот Шофхајм. Биле затекнати од една воспитувачка која ги затекнала како спијат утрото, доаѓајќи на работа.

Фрајбург, 15 април 2021 (МИА) – Крадци заспале на својата „работна задача“, и тоа при натрапување во детска градинка во германскиот град Шофхајм. Биле затекнати од една воспитувачка која ги затекнала како спијат утрото, доаѓајќи на работа, јави ДПА.

Тројцата мажи, на возраст од 17, 21 и 28 години, се разбудиле вчера кога полицијата пристигнала да ги уапси. По нив имало потера во врска со кражба во близина.

Истата вечер крадците влегле во канцеларија во околината и направиле материјална штета од околу 12.000 евра, како што појасни полицијата во Фрајбург. Сепак, украдените предмети не биле наменети за осомничените.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close