Дописници МКДОпштински вести

ЈКП „Тетово“ овозможи плаќање на комуналните сметки преку интернет

Јавното комунално претријатие „Тетово“ од вчера има нова верзија на своја веб страница на која може преку интернет да се плаќаат комуналните сметки, како и да се оствари комуникација со вработените за други работи.

Тетово, 19 август 2020 (МИА) – Јавното комунално претријатие „Тетово“ од вчера има нова верзија на своја веб страница на која може преку интернет да се плаќаат комуналните сметки, како и да се оствари комуникација со вработените за други работи.

– Покрај електронското плаќање, веб страницата на претпријатието нуди можност за аплицирање за нов приклучок, за поднесувања на барања и жалби во врска со услугите што ги нуди нашето претпријатие, соопштија од ЈКП „Тетово“.

Плаќањето на сметките е овозможено со внесување на податоци и бројки од банкарска картичка на лицето што плаќа. Воедно плаќачот треба да ги наведе бројот на сметката и шифрата, е-маил адреса и слично.

Веб страницата на ЈКП „Тетово“ е на македонски и албански јазик. Делот на македонски јазик има голем број граматички, морфолошки и правописни грешки. ас/мс/

Back to top button
Close
Close