Дописници МКДОпштински вести

ЈКП „Дервен“ ги повикува велешани да се пријават за акцијата за собирање на габаритен отпад 

ЈКП „Дервен“ ги повикува велешани да се пријават за акцијата за собирање на габаритен отпад 

Велес, 19 април 2021(МИА) – Поради кризната состојба предизвикана од коронавирусот, Пролетната акција за собирање на габаритен отпад на ЈКП „Дервен“ ќе се спроведе исклучително во периодот од 6 до 8 мај 2021 година.

-Ја имате можноста  да го пријавите габаритниот отпад од вашите домови во ЈКП „Дервен”, најдоцна до 5 мај 2021 година (среда), секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, на следните телефонски броеви: тел. 043/233-768, моб. 075/206-845, 076/274-000 (од 07:00 до 11:00 часот), моб. 075/303-168 (од 11:00 до 15:00 часот), информираат од ЈКП „Дервен“.

Појаснуваат дека под габаритен  отпад се подразбира: мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи, санитарии: кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет школки, славини за вода, огледала, градинарска опрема: огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи, друг габаритен отпад: ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.

Од ЈКП „Дервен“ апелираат до граѓаните на Велес габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите пред да се обратат до ЈКП „Дервен”, бидејќи, како што велат, услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна. ад/ки/

Back to top button
Close
Close