Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Ковид-19 во Косово: Нов 51 случај, вкупно 561 заразен

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 51 случај, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 561, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 20 април 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 51 случај, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 561, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вчера се евидентирани и нови девет излекувани од заразната болест, согласно методите пропишани од Светската здравствена организација, со што бројката на лица кои ја пребродиле заразата се зголеми на 102.

Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 295 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 4.656.

Поголем број новозаразени во неделата се евидентирани во општините во северно Косово, и тоа 13 во Зубин Поток, шестмина во Северна Митровица, четворица во Звечан и двајца во Лепосавиќ. Десет нови носители на вирусот се потврдени во општина Витина, девет во Урошевац, три во Штимле, два во Приштина и по еден во Призрен и Пеќ.

ИШПК објави дека вчера, втор ден по ред, во земјата не е регистриран ниту еден нов случај на починат од Ковид-19, така што бројот на жртви на пандемијата во Косово останува 12. иа/

Таг
Back to top button
Close
Close