0_Спорт.ПорталФудбал

Ковач: Заостанувавме со 9 поени, а сега е време за решителен чекор кон титулата

По 32 круга, Баерн има 74 поени. Тие го надминаа тимот на Борусија Дортмунд, кој моментно е втор со 4 бода помалку.

Минхен, 9 мај 2019 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач пред натпреварот од 33-тото коло на Бундеслигата против Р.Б. Лајпциг изјави дека Баварците долго време чекале за да ја преземат лидерската позиција. Тој додаде дека тимот сака да преземе решителен чекор кон освојувањето на шампионатот.

– Ние работиме подолго време, за да излеземе на врвот. Заостанувавме со девет поени. Сега сакаме да направиме решителен чекор кон освојување на шампионатот. Мануел Ноер се опорави речиси целосно. Се надеваме дека тој ќе може да се врати на тренинг следната недела. Вчера Хави Мартинез ја повреди ногата. Учеството му е под прашање за натпреварот со Лајпциг, изјави Нико Ковач.

По 32 круга, Баерн има 74 поени. Тие го надминаа тимот на Борусија Дортмунд, кој моментно е втор со 4 бода помалку.вз

Таг
Back to top button
Close
Close