0_Спорт.ПорталФудбал

Ковач: Го добивме натпреварот против расизмот

Тренерот на Монако, Нико Ковач, го осуди расистичкиот инцидент на квалификацискиот натпревар од Лигата на шампионите против Спарта (2:0).

Прага, 4 август 2021 (МИА) – Тренерот на Монако, Нико Ковач, го осуди расистичкиот инцидент на квалификацискиот натпревар од Лигата на шампионите против Спарта (2:0).

Навивачите на чешкиот клуб упатија мајмунски крици кон средниот бек на гостите Аурелиен Тшуамени. Поради ова, играта беше прекината.

– Го добивме натпреварот, но овој инцидент неизбежно привлекува внимание. Разочарани сме што вакви работи се случуваат во 21 век на фудбалскиот терен и во општеството. Сите сме еднакви, тука сме да играме фудбал. Морам да кажам дека сум горд на моите играчи, бидејќи реагираа правилно. Моите играчи беа многу тажни поради ова, но јас им реков: „Тука сте да играте фудбал. Знам дека сте вознемирени и разбирам дека е многу тешко да се разбере како е можно ова, но мора да продолжиме“.

Го добивме нашиот натпревар на теренот и натпреварот против расизмот. Мислам дека тоа беше најважната порака вечерва. Важно е да се потенцира дека ова е мал дел од навивачите, малцинство, кое е виновно за она што се случи, истакна Ковач.

Првиот гол за Монако го постигна токму Тшуамени.

Реваншот ќе се одигра на 10 август во Монако. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close