0_Спорт.ПорталФудбал

Ковач: Борусија извлече максимум од натпреварот

Според стратегот, Баварците биле подобри од своите ривали, но наместо да реализираат некои од своите шанси, направиле грешки, кои што „жолто-црните“ знаеле да ги казнат.

Дортмунд, 4 август 2019 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, беше разочаран од поразот од 0:2 против Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија.

Според стратегот, Баварците биле подобри од своите ривали, но наместо да реализираат некои од своите шанси, направиле грешки, кои што „жолто-црните“ знаеле да ги казнат.

– Ние изгубивме и нормално е да сме лути. Мислам дека игравме добро. Не би рекол дека направивме одличен натпревар, но пристоен – да. Ние не ги искористивме нашите шанси, па ова е резултатот. Ние ги надминавме своите противници, но направивме две грешки, а Борусија веднаш нè казни. Ние сме во четвртата недела од нашата подготовка. Тоа беше првиот натпревар во кој играчите играа по 90 минути. Не можам да кажам дека сум незадоволен. Едноставно моравме да ги реализираме ситуациите што ги создадовме. Наместо тоа, Борусија го извлече максимумот од најсилното оружје, контранападот, рече Хрватот по мечот.вз

Таг
Back to top button
Close
Close