Политички партии

Костовски: Потпишани договори за 94 проекти во општините, финансирани со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата

Скопје, 1 август 2021

Скопје, 1 август 2021
 
СДСМ посветено работи на подобрување на условите за живот на сите граѓани низ целата држава, инвестираме во капитални проекти кои обезбедуваат локален економски раст и рамномерен регионален развој.
Заокружен е ТАВ проектот, потпишани се договорите за 94 проекти во вредност од 49,7 милиони евра, кои во следниот период ќе се реализираат во општините низ цела држава.
Проектите се финансирани преку ТАВ програмата, односно средствата наменети за изградба на аеродромот во Штип ги пренаменивме за инвестиции во општините.
Средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, основни училишта, детски градинки и други проекти важни за развој на општините.
Продолжуваме посветено со инвестициите во инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво, за подобар живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

Прес-конференција на СДСМ, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Back to top button
Close
Close