0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Костов европски вицешампион до 52 кг. на ЕП во Алборг

Костов, кој се натпреварува во категоријата до 52 килограми, до финалето извојува четири победи - против Себастијан ван Тефелен (Холандија), Јакуб Цернички (Словачка), Матеа Бустеми (Италија) и Мухамед Оздемир (Германија).

Алборг, 8 февруари 2019 (МИА) – Македонскиот каратист, Бојан Костов стана вицешампион на Европа откако во финалето на ЕП за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Алборг загуби од Русинот Ахмет Ахмедов со 0-8.

Костов, кој се натпреварува во категоријата до 52 килограми, до финалето извојува четири победи – против Себастијан ван Тефелен (Холандија), Јакуб Цернички (Словачка), Матеа Бустеми (Италија) и Мухамед Оздемир (Германија).

На Европското првенство во Данска учествуваат 1.092 каратисти од 51 држава.вз

Таг
Back to top button
Close
Close