Политички партии

Костадинов: Нема да дозволиме враќање чекор назад

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа се дирекнта закана за нашето полноправно членство во НАТО, тоа ја загрозува интеграцијата во ЕУ и иднината на државата.

Скопје, 21 јануари 2020

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа се дирекнта закана за нашето полноправно членство во НАТО, тоа ја загрозува интеграцијата во ЕУ и иднината на државата.

Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република Северна Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот.

Без Договорот од Преспа тоа наше столче во НАТО не беше можно.

Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа.

ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО?

Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО.

Јасно е, сите што заговараат укинување на Договорот заговараат и поништување на членството во НАТО што е директна опасност за државата.

Ставовите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, антидржавнички и спротивни на стратешките цели на државата.

Но затоа, тука е целата демократската јавност во нашата земја, тука e СДСМ, заедно со сите политички и граѓански демократски капацитети да гарантираме дека Договорот од Преспа ќе создава иднина за нашата земја – таа иднина значи членство во НАТО, преговори за членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет.

Нема да дозволиме враќање чекор назад, како што посакуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Република Северна Македонија продолжува напред на прав пат, кон НАТО и ЕУ.

Одговор на новинарско прашање

 ПКостадинов за денеска се најавува средба помеѓу претставници од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ во однос на координирање на понатамошните активности за евентуална средба на работната група околу новиот Закон за јавното обвинителство, какви се

очекувањата, може ли во најскоро време да дојде до таков состанок на работна група, бидејки времето е кратко, условно кажано, за носење на овој Закон и дали сте оптимист дека овој Закон може да биде донесен пред самораспуштање на Собранието?

О: Секако дека треба да бидеме оптимисти имајќи предвид дека Европската Унија ни укажува на важноста за донесувањето на новиот Закон за јавното обвинителство, којшто во принцип, она што ние го говориме цело време е дека со новиот Закон за ЈО

практично ја воспоставуваме правната држава и помагаме да завладее правдата во нашата држава. Имавте вие прилика како медиуми, преку вас и целокупната јавност да види како ВМРО-ДПМНЕ како несериозна политичка партија правеше опструкција

на законот, се со крајна цел заштита на криминалот и криминалците во нивните редови. Еве сега, после обезбедување и после извесноста на предметите од Специјалното Јавно Обвинителство, односно преземањето на предметите во Републичкото

Обвинителство имаме можност да навистина сите ние во рамки на Парламентот покажеме и докажеме, пред нас самите пред се, а секако и пред граѓаните дека навистина се залагаме за воспоставувањето на правната држава и секако не помалку важно дека се залагаме навистина, не само декларативно и со политички флоскули за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close