Политички партии

Костадинов: Техничката министерка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, очигледно самата се фати во сопствените лаги

Кадрите на Мицкоски во преодната Влада освен опструкции и ширење на невистини во јавноста покажаа големо непознавање и непочитување на граѓаните.

Скопје, 10 јануари 2020

Кадрите на Мицкоски во преодната Влада освен опструкции и ширење на невистини во јавноста покажаа големо непознавање и непочитување на граѓаните.

Техничката министерка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи очигледно самата се фати во сопствените лаги.

По објавените информации во медиумите за нејзин профил на глобалната мрежа за онлајн работа „Ап Ворк“ Мизрахи негираше, односно тврдеше дека наводно станува збор за лажен, односно злоупотребен профил.

Невозможно е некој во туѓо име да направи и да користи профил на платформата Ап Ворк.

При креирањето на профил на оваа мрежа потребни се целосни и сеопфатни податоци, поткрепени со официјални документи за стекнато образование, сертификати, документи за дополнителни вештини.

Станува збор за сериозна платформа со софистициран начин на работа, при што се внесуваат лични документи, лични податоци и информации, како банкарски сметки, пејпал профил и слично кои никој друг не може да ги знае освен тој што го создава профилот.

Конечно  по одреден период за потврда на автентичноста на профилот доаѓа токму од страна оваа платформа.

Ако било така како што тврди, зошто Мизрахи со години немала пријавено злоупотреба на лични податоци и кражба на идентитет до надлежните институции?

Не е спорно некој преку глобална мрежа за услуги да заработува. Спорно е неискрениот пристап пред граѓаните.

Тоа е неетички, непрофесионално и измамнички.

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не нудат ништо друго освен неетичко постапување и невистини.

Затоа на 12 април граѓаните ќе го казнат таквото однесување и уште еднаш ќе ги поразат погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Одговор на новинарско прашање- реакција на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Апсолутно ВМРО-ДПМНЕ продолжува со ширење на лаги и невистини, ништо ново непознато за нас и за јавноста, за граѓаните.

Секако имаше официјален став од Министерството за здравство, отфрлија секакви обвинувања и поврзаност или било каква злоупотреба на позицијата, од таа страна повикуваме дека доколку немаат јасна програма, јасна платформа, доколку имаат недостаток на кадри најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, да не се обидува со креирањето на лажни вести да купува некакви политички поени.

Сведоци сме, знае и пошироката јавност дека и Јавното обвинителство излезе со став во однос на претходни обвинувања, дека станува збор за ширење на лажни вести од страна на најголемата опозициска партија во државата а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close