Политички партии

Костадинов: Предметот против Јово Вангеловски ја потврдува потребата од Законот за ЈО и реформи во правосудството

Информациите дека Јавното обвинителство отворило предмет против Јово Вангеловски заради тоа што намерно држел предмети во фиока, уште еднаш ја потврдува потребата од суштинските реформи во правосудството што ги преземаме.

Скопје, 28 февруари 2020

Информациите дека Јавното обвинителство отворило предмет против Јово Вангеловски заради тоа што намерно држел предмети во фиока, уште еднаш ја потврдува потребата од суштинските реформи во правосудството што ги преземаме.

За потсетување, Јово Вангеловски познат во јавноста и како Јово Превара е поранешен претседател на Врховниот суд, кум на Трајко Вељановски кој е меѓу обвинетите за 27 април.

Еве зошто  извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена го кочеа носењето на Законот за Јавно обвинителство. Ете зошто Мицкоски и неговите пајташи протестираа против правдата.

Со законот за јавно обвинителство отворена е можноста надлежните институции да утврдат дали Вангеловски намерно криел предмети свесно и намерно ја опструирал правдата.

Разликата е јасна.

Додека извршителот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Груевски, СДСМ создава услови за независни институции и правда.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира интеграциите СДСМ и Зоран Заев ја обезбедуваат европската перспектива на државата.

ВМРО-ДПМНЕ е за изолација, ние сме за интеграција.

Мицкоски може да протестира против правдата но криминалот на неговиот шеф Груевски и криминалот на неговите сопартијци нема да го одбрани.

Следуваат реформи во судството, ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки, без разлика колку и тоа да не му се допаѓа на извршителот Мицкоски.

Изјава за медиуми на Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close