Политички партии

Костадинов: Нема да дозволиме Мицкоски да ја попречува новата нормалност

Во овој важен период за граѓаните и  за државата, СДСМ продолжува да се води од три клучни приоритети: Првиот е заштита на здравјето на граѓаните, вториот е брза трансформација на економијата и третиот, функционални институции – гарант за силна демократија.

Скопје, 15 мај 2020
Во овој важен период за граѓаните и  за државата, СДСМ продолжува да се води од три клучни приоритети:
Првиот е заштита на здравјето на граѓаните, вториот е брза трансформација на економијата и третиот, функционални институции – гарант за силна демократија.
Сите досегашни параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола. Државата, општеството почнуваат да ја живеат новата нормалност.
За нова и брза трансформација на економијата и целосно функционални институции кои се гарант за силна демократија потребни се избори во првиот можен термин.
Предвремените парламентарни избори кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања да биде усогласена со заштитните протоколи.
Последната одлука на Уставниот суд, ја потврдува уставноста на владината уредба да се запрат предизборните активности зa распишаните избори поради коронавирусот. Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба.
ДИК  по завршувањето на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.
Како одговорна партија, ние сакаме избори кога вирусот е најмногу под контрола, со највисоки мерки на заштита и без ризик по здравјето, со цел да воспоставиме нормална работа на парламентот и владата и да можеме сите капацитети да ги вложиме во рестарт на економијата.
Комисијата објави протоколи за спроведување кампања и за одржување на избори, сите ќе се водиме по нив и ќе спроведеме избори со сите заштитни механизми. Гласачкото место ќе биде најстрого обезбедено со сите заштитни мерки.
Од друга страна почитувани граѓани , пропаднатиот како што сам сака да се нарекува  Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваат да ги попречат демократски процеси. Се обидуваат вештачки да создадат криза.
Пропаднатиот Христијан  Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат  институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред.
Тоа со сигурност нема да го дозволиме.
Нема да дозволиме нивното неодговорно однесување да ја втурне нашата држава  во лош правец. Исто како што не дозволивме тоа да се случи и за време на оваа здравствена криза.
Нема да дозволиме еден пропаднат спортист, пропаднат политичар како Христијан Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да спречува целосна функционалност на институциите и создавање услови за трансформација на економијата.
Избори мора да има и ќе заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа државата.
Прашање1: Како го отценувате протоколот на Комисијата за заразни болести во врска со изборите, митинзите не се забранети но дали сте подготвени да отстапите одржување масовни митинзи?

Одговор: Најнапред секако дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија максимално ги почитува препораките на здравствените власти и ќе ги почитува и во иднина. Ова е убава можност и добро прашање за еве и пред јавноста , пред граѓаните да одговориме во однос на митинзите дека СДСМ нема да организира митинзи во текот на оваа кампања, секако почитувајќи ги препораките на здравствените власти. Во делот на тоа како би ја воделе кампањата, како би ги претставувале нашите кандидати секако и програмата, фокус ќе биде ставен на медиумското претставување преку онлајн видео настани и секако имаме различни видови на дигитална комуникација. Единствено нешто на коешто може да сметаме и да размислуваме во периодов е организирање на мали средби, секако согласно протоколите и максимално почитување на препораките на здравствените власти.

Прашање 2:  Околу најавите од партијата за избори во декември ако нема во јуни и како правно ќе се реши утврдувањето на новиот датум за избори а тоа да биде согласно изборниот законик?

Одговор:  Ставот на СДСМ е сосема јасен и веќе неколку пати го кажуваме, еве ова е убава прилика уште еднаш да го повториме. Ставот на СДСМ е дека избори треба да се одржат веднаш, односно во првиот можен рок, веднаш кога ќе спласне кризата здравствена со корона вирусот. Знаете дека тоа пред се треба да го направиме и од здравствен аспект  во однос на заштита на здравјето на граѓаните, но и од економски аспект секако, и тука ќе додадам во однос на демократизацијата на нашата држава. Било какво одложување на изборите заради спас на политичка кариера на пропаднати спортисти, пропаднати политичари какви што сами се нарекуваат, е неодговорно. Јас очекувам дека избори ќе се случат по завршување на вонредната состојба, по спласнувањето на кризата и дека навистина нема да имаме потреба да размислуваме на други опции, а секако треба да ги разгледаме сите можности кои се на располагање.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close