0_Македонија.ПорталПолитички партии

Костадинов: Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, е иста како Ѓорѓе Иванов

Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, е иста како Ѓорѓе Иванов.

Скопје, 20 март 2019

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, е иста како Ѓорѓе Иванов.

Силјановска исто како и Иванов, брани криминалци, не осудува насилство, постапува исклучиво по партиските директиви на Мицкоски, промовира политики проитв напредокот, притив ЕУ и НАТО.

Исто како Иванов, Силјановска лажно се претставува како натпартиски кандидат, а граѓаните знаат, Силјановска е кандидат на  Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Последен е примерот со становите на синот на Иванов.

Силјановска коментира се и се што но за становите на синот на Иванов молчи. Исто како што молчи за штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои ниту еднаш ги нема осудено.

Силјановска, сака да биде новиот Иванов, партиски послушник кој ќе брани партиски интереси и ќе работи спротивно на интересите на граѓаните.

Почитувани,

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска. Нема да дозволат нов партиски послушник дополнително да ја девалвира функцијата Претседател како што тоа десет години го правеше Иванов.

Граѓаните знаат дека гласот за Силјановска е глас за враќање назад, во минатото, во изолацијата. Гласот за Силјановска е глас против напредокот.

Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој обединува. Претседател кој достојно ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните.

Тоа е Стево Пендаровски, претседател на сите граѓани кој ја води државата напред кон развој и интеграција во ЕУ и НАТО.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close