Политички партии

Костадинов: Деновиве ги очекуваме забелешките од ВМРО-ДПМНЕ за законот за ЈО

Деновите пред да биде закажана средба на работните групи кои ќе треба да дискутираат за Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ ќе достават забелешки кои ќе бидат конкретни за овој  закон. Навистина не би сакал да шпекулирам за тоа кога би се одржала таа средба, што би било прифатливо за двете страни. Ова денеска  во Собранието го изјави пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање.

Скопје, 22 јануари 2020 (МИА) – Деновите пред да биде закажана средба на работните групи кои ќе треба да дискутираат за Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ ќе достават забелешки кои ќе бидат конкретни за овој  закон. Навистина не би сакал да шпекулирам за тоа кога би се одржала таа средба, што би било прифатливо за двете страни. Ова денеска  во Собранието го изјави пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање.

-Едно е сигурно и треба сите да го знаеме и да биде совршено јасно. И од страна на ЕУ е нотирано со особена важност носењето на новиот Закон за ЈО, нешто што ние од СДСМ континуирано го зборуваме. Добрата страна од целата работа е што е обезбедена и што предметите од СЈО ќе имаат извесност, преземени се од страна на Државното јавно обвинителство.  СДСМ останува принципиелна на ставот дека мора да ја воспоставиме правната држава и мора ние политичарите, како одговорни луѓе, секако и политичките партии  во целост да се ставиме во функција на правдата, изјави Костадинов.

Тој додаде дека досега  ВМРО-ДПМНЕ само се обидувало да го спаси криминалот и криминалците од нивните редови. мд/ац/

 

Back to top button
Close
Close