Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Косовски Србин осуден на 22 години затвор за воени злосторства во 1999 година во Косово

 Косовски суд го осуди на 22 години затвор косовскиот Србин, Дарко Тасиќ, обвинет за воени злосторства врз цивилното население во 1999 година во селото Мала Круша во близина на Призрен, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 22 јуни 2020 (МИА) – Косовски суд го осуди на 22 години затвор косовскиот Србин, Дарко Тасиќ, обвинет за воени злосторства врз цивилното население во 1999 година во селото Мала Круша во близина на Призрен, јави дописникот на МИА од Приштина.

Основниот суд во Призрен го прогласи Тасиќ за виновен за точката од обвинението која го товари за сквернавење на безживотните тела на неидентификувани лица, кои ги изгорел, а потоа ги фрлил во реката Дрим.

Тасиќ е прогласен за виновен и по обвинението дека, како припадник на резервните единици на полицијата на тогашната Сојузна Република Југославија, од 15 до 26 март 1999 година, во соизвршителство со други лица, чиј идентитет не е познат, учествувал во конфискација на имотот, грабежи и незаконско и намерно уништување на имотот на тамошните Албанци.

Во пресудата се наведува дека Тасиќ, кој дотогаш живеел во Мала Круша и бил дел од „селските стражи“ организирани од српските сили, меѓу другото, учествувал во палење на куќите на соселаните, присвојување на трактори и друга земјоделска машинерија од албански семејства и во други дела „кои не се правдаат со воените потреби“.

Судењето на Тасиќ започна пред две години и од тогаш тој се наоѓа во притвор. Тој изјави дека е невин и одлучи да се брани со молчење.

Во времето додека траеше денешната судска седница за објавување на пресудата, пред судот во Призрен се одржа мирен протест на жители од Мала Круша, повеќето членови на семејствата на цивилните жртви од војната во 1999 година. Тие носеа слики на загинатите и транспаренти со барање правда за жртвите и осуда на воените злосторници.иа/сд/

Back to top button
Close
Close