0_Спорт.ПорталКошарка

Кошаркарска победа на суд: ФИБА доби случај против Евролигата

Апелацискиот суд во Луксембург донесе одлука во корист на ФИБА во случајот околу договор за соработка со Евролигата.

Луксембург, 3 февруари 2020 (МИА) – Апелацискиот суд во Луксембург донесе одлука во корист на ФИБА во случајот околу договор за соработка со Евролигата.

Судот, со тоа, само ја потврди првостепената одлука и ја отфрли жалбата на Евролигата која побара од ФИБА да и плати 900.000 евра плус камати, но и судски трошоци од 2.000 евра.

Евролигата се жалеше на календарот на ФИБА што беше донесен во 2012 година, а стапи во сила во 2017 година, бидејќи организацијата со седиште во Барселона смета дека се крши договор на две страни.

ФИБА и УЛЕБ во 2004 година потпишаа договор за регулирање на европските натпреварувања. Шест години подоцна, Евролигата ги презеде обврските од УЛЕБ и исплаќаше годишен надомест на ФИБА во износ од 400.000 евра. Меѓутоа во 2012 година сакаше да го раскине договорот, повикувајќу се на ненајавени промени во календарот на ФИБА. сѓд/ссм/

Back to top button
Close
Close