0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

Кошаркарите во НБА го преферираат 18 јануари за почетокот на новата сезона

Најголем дел од кошаркарите, вклучително и суперѕвездите на лигата, се за почеток на новата сезона во НБА на 18 јануари, објави „Јаху Спорт“.

Вашингтон, 29 октомври 2020 (МИА) – Најголем дел од кошаркарите, вклучително и „суперѕвездите“ на лигата, се за почеток на новата сезона во НБА на 18 јануари, објави „Јаху Спорт“.

Во овој случај, пазарот на слободни агенти ќе се отвори на 1 декември.

Националната кошаркарска асоцијација разгледува различни опции за почеток на новата сезона. Одборот на гувернери на Лигата сугерира дека сезоната 2020/21 може да започне на католички Божик (25 декември).

Комесарот Адам Силвер рече дека почетокот на шампионатот со навивачи на трибините повеќе не е приоритет, бидејќи може да го помести распоредот . зс/

Таг
Back to top button
Close
Close