0_Спорт.ПорталКошарка

Кошаркарите на Милано сè уште не може да го напуштат Мадрид поради снежната бура

Тимот на Милано не е во можност да се врати дома по натпреварот од Евролигата против Реал Мадрид.

Мадрид, 10 јануари 2021 (МИА) – Тимот на Милано не е во можност да се врати дома по натпреварот од Евролигата против Реал Мадрид.

Победата на 8 јануари (80:76) беше историска за Милано, кој го имаше првиот успех во Мадрид. Но, поради лошите временски услови, тимот не може да лета за Италија.

Меѓународниот аеродром во Мадрид сè уште е затворен поради снежната бура „Филомена“.

Раководството на италијанската лига го одложи првенствениот натпревар против Кремона, кој требаше да се одигра денес. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close