0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Коронавирусот го замрзна проектот за нов стадион на Челси

Во 2017 година, клубот доби дозвола да започне со рушење на зградите околу стадионот за период од три години, но досега не се срушени згради, а дозволата истекува денес.

Лондон, 31 март 2020 (МИА) – Челси објави дека решиле да го одложат планираното реновирање и проширување на капацитетите на „Стемфорд Бриџ“, поради финансиската криза предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Во 2017 година, клубот доби дозвола да започне со рушење на зградите околу стадионот за период од три години, но досега не се срушени згради, а дозволата истекува денес.

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, сака да го зголеми капацитетот на „Стемфорд Бриџ“ на 60.000 места, што ќе чини скоро 1 милијарда фунти, но сегашната светска криза го принуди рускиот милијардер да го блокира проектот на неодредено време.

Таг
Back to top button
Close
Close