0_Магазин.ПорталПатувања

Коронавирусот ги откажува Виенските балови

Така, според Комитетот на традиционалните виенски балови, нема да се одржат Балот на лекари, Балот на правници, Балот на офицери, Конкордија бал и Балот на фармацијата.

Виена, 21 септември 2020 (МИА) – Пандемијата на коронавирусот претставува удар и за сезоната на балови во Виена, Австрија. Организаторите најавија откажување на голем дел од свеченостите.

Така, според Комитетот на традиционалните виенски балови, нема да се одржат Балот на лекари, Балот на правници, Балот на офицери, Конкордија бал и Балот на фармацијата.

„Сè додека бројот на новозаразени лица е голем, нема брзи и поволни тестови или вакцини, организирањето балови не е одговорно однесување“, се наведува во соопштението.

Патем, овие свечености претставуваат и важен економски фактор. Само минатата година, според проценката на австриската Стопанска комора, околу 520.000 посетители на баловите оствариле промет од 151 милион евра.

Засега, сè уште не се знае дали ќе се одржи Виенскиот оперски бал, бидејќи Операта сè уште не одлучила за тоа. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close