БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Коронавирусот брзо се шири во Словенија – вкупно заразени 141 лице

Словенечките здравствени власти објавија дека само од синоќа до сега се потврдени 44 нови случаеви на коронавирус.

Љубљана, 13 март 2020 (МИА) – Словенечките здравствени власти објавија дека само од синоќа до сега се потврдени 44 нови случаеви на коронавирус.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие новoзаразени вкупната бројка на инфицирани се зголеми на 141. Најголем пораст на заболени има во Љубљана и околината.

Според последните информации, четворица пациенти се во критична здравствена состојба.

Докторите уште еднаш апелираа сите они кои имаат симптоми на коронавирус да не доаѓаат сами во болниците, односно да се јават на телефонски број специјално отворен за таа цел. Според епидемиолозите, граѓаните едноставно мораат да ги слушаат препораките и да ги избегнуваат сите можни контакти и на тој начин да си го заштитет своето и здравјето на своите најблиски.

Во Словенија од вчера е прогласена епидемија и се откажани сите јавни, културни, спортски и образовни настани. ав/ссм/

Back to top button
Close
Close