Дописници МКДОпштински вести

Корона вирусот не ги спречи Бугарите и денеска да го посетат градскиот пазар во Делчево

Поради корона вирусот, се уште е во сила забраната за влез во државата на граничниот премин Делчево за државјани кои доаѓаат од Северна Италија. За останатите граѓани влезот во државата се одвива без посериозни проблеми. Ова го потврдија бугарски државјани кои и денеска дојдоа на шопинг во Делчево.

Делчево, 7 март 2020 (МИА) – Поради корона вирусот, се уште е во сила забраната за влез во државата на граничниот премин Делчево за државјани кои доаѓаат од Северна Италија. За останатите граѓани влезот во државата се одвива без посериозни проблеми. Ова го потврдија бугарски државјани кои и денеска дојдоа на шопинг во Делчево.

Потврдија дека за влез во државата освен вообичаената проверка, влезот од Бугарија во Република Северна Македонија на граничниот премин Делчево се одвива без подолги задржувања.

– Немаше проверка за секој поединечно, ние си седевме во автобусите, Граничарите имаа ракавици и маски, а ние не бевме проверувани, вели жителка на Благоевград.
Таа додаде дека често доаѓа во Македонија, особено во Делчево, каде и се допаѓа понудата на градскиот пазар кој денес го посети по 10-ти пат.
– Овде ни се допаѓа, бидејќи ние сме како еден народ. Често доаѓаме, овде бевме на 29 декември минатата година, еве и денеска пак сме тука. Ова е 10-та моја посета и ми се допаѓа, бидејки вашиот пазар е многу богат, а и луѓето се добри и учтиви, додава посетителка од Бугарија.
Освен за шопинг, поголема група на припадничките на понежниот пол од соседството вечерва во делчевските локали во рамки на таканаречените „чајанки,“ ќе го одбележат 8 Март – Меѓународниот ден на жената“. Овде како што велат, се поради поевтината храна и подобрата усуга која ја добиваат за своите пари. вс/нд/ 

Back to top button
Close
Close