БизнисДописници МКДОпштински вести

Корона-кризата ги намали приходите на ЈП „Пазаришта“ – Куманово

ЈП „Пазаришта“ - Куманово во 2020 година работело со загуба што се должи на корона-кризата и неработењето на претпријатието со одлука на советот за време на пандемијата на неколку месеци, покажаа податоците на извештаите на ова претпријатие кои беа презентирани пред советниците на 53-тата седница на кумановскиот општински Совет. Најдобри приходи „Пазаришта“ остварило во последното тримесечје од минатата година.

Куманово, 18 март 2021 (МИА) – ЈП „Пазаришта“ – Куманово во 2020 година работело со загуба што се должи на корона-кризата и неработењето на претпријатието со одлука на советот за време на пандемијата на неколку месеци, покажаа податоците на извештаите на ова претпријатие кои беа презентирани пред советниците на 53-тата седница на кумановскиот општински Совет. Најдобри приходи „Пазаришта“ остварило во последното тримесечје од минатата година.

– Општо е познато во какви околности работевме во 2020 година и со какви проблеми се соочивме како последици на вирусот. Директно и најмногу од сите претпријатија претрпевме штета. Имавме насоки за затворањето и со одлука на Советот и од Агенцијата за храна и ветеринарство што се однесуваше на добиточниот пазар. Зелениот и реонскиот пазар не работеа по два месеци, додека добиточниот и пазарот за стари работи-бувљак не работеа по три месеци, изјави директорот на ЈП „Пазаришта“, Илир Саити.

Тој информираше дека продавачите на текстил барале поддршка во однос на исплата на закупот, што се должи на намалената економска активност на граѓаните. Продавачите се жалеле дека граѓаните не купуваат доволно и дека не можат да ги платат закупнините за тезгите. Саити информираше дека претпријатието ги ослободило од плаќање за месеците во кои не работеле. На недоволна потрошувачка се жалеле и продавачите на стари работи.

Саити нагласи дека ќе се преземат мерки за санација на тоалетите на овој пазар кои претходно биле уништени од купувачите.

Советниците прашаа зошто се потребни вработувања во услови на намалени приходи, на што директорот на „Пазаришта“ рече дека ќе се вработат една чистачка и едно лице преведувач, кое се вратило од боледување.

Платите кон вработените се исплаќаат редовно, а претпријатеито лани доби и 3,5 милиони денари поддршка од Општината со одлука на Советот. ам/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close